Имам збор

Имам збор

Под горичката гроб /диптих/
Мојот заклучен татко
Ма/г/лена песна
Во литванскиот ми доаѓаат сон
Пусто кварнерско море
Реторичка песничка

да се замине од оваа љубов како од гроб
посака небаре рече и ја напушти приказната

неговиот свет на внатрешни зданија
измислен од урнатини од болести е
полудена тектоника на бесмисленоста

во новиот роман на нежниот пријател
во светлата северна ноќ страв
во тишината на една хотелска соба
вилниускаунас
добро звучи симбиозата

па заѕвони повикувачкиот број на времето
кој се храни со животите на безимените
во стравот од божествениот распоред
во насетувањето на совршено убиствениот склад

од гробот да се вивнеш во љубов од распад
небаре рече посака и неподвижен клапна
длабоко долу закопан со своите

новата овална сликичка ново е око
на студеното лице од роднокрајниот мермер

над крошните само неисториски облак
или јато млади љубопитни певици
маглив февруари на штињанските гробишта


2002.

______
* Штињан – колепка и почивалиште на Билетиќеви,
денеска пулска приградска населба.

АвторБорис Домагој Билетиќ
2018-08-21T17:20:57+00:00 декември 29th, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 80-81|