Избрани песни

/, Блесок бр. 27/Избрани песни

Избрани песни

Бен Џонсон (1572-1637)
Џон Дан (1572-1631)
Џон Милтон (1608-1674)

Освети ги, о Боже, закланите Светци, расфрлени
коските им лежат низ планините алпски студни,
дур и на оние што над вистината ти стрежеа будни
кога Татковците ни наши обожуваа Стоки и Стени,
не заборавај: врежи ги плачојте им некрепени
на Јагнињата твои во Трлата им судни
сотрени од рацете Пједмонтови чудни
што мајка со чедо по карпа тркалаа. Крени
ги плачојте им, од Долина предај на Брдо, кое
до небеси ќе ги вивне. Маченичкиот им смртен пад
и пепел посеани се по италијанската почва што е
дом на Тиранин: Нек од нив млад
израсне пород, кој научувајќи го делото твое
рано може да го избегне вавилонскиот јад.

* * *

Кога мисли ме мачат зошто светлината затаи
и уште пол-живот ќе минам во темнинава празна
Талентот ненамножен во мене згасна
не го вложив за да се избавам, а душава ми се сви
да му служи на Создателот, и му ги распосли
вистинските намери мои, за да не се врати со казна
„Ги мери ли Бог делата, ја зема ли светлоста јасна?“
лековерно прашувам; но Трпението го скри
сомнежот, и одговара, на Бог не му требаат
ни човечките дела ни даровите, кој смерно
јаремот негов го трпи, најверно му служи, тој
благословен е. Илјадници поитаа да се оѕвијат
без почин Земји и Мориња да преминат верно;
а слуга е негов исто толку и оној што чека и стои.

превод: Калина Малеска

АвторТројца англиски поети (Џонсон, Дан, Милтон)
2018-08-21T17:21:47+00:00 август 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 27|