Денеска, една емисија за деца ме потсети,
или поточно ме научи, како авионот може да лета.
Поради обликот на крилото, воздухот над него
се движи побрзо и затоа има понизок притисок
од воздухот под него.
Да можев рацете да си ги претворам во рамни површини, со над и под,
и да можев долго да трчам покрај морето и блиску до меки предмети,
ќе можев да долетам до таму кај што си.
Но сите делови на моето тело се заоблени:
времето заоблено, небото заоблено, а и осаменоста; смртта
е заоблена како око, како кашлица. Па дури и моето име
завршува на истата буква на која почнува, плод на есента
што веќе старее, боровинка што зрее и свенува, се збрчкува,
станува сè позаоблена и позаоблена, грчевито држејќи се за гранка страв.
Паѓањето може да значи и летање, а губејќи се себеси се наоѓам себеси,
кога престанувам да ги бројам деновите.
Избрани песни од „Музика и скорбут“
АвторАна Агилар-Амат