Избрани песни од „Музика и скорбут“

/, Блесок бр. 46/Избрани песни од „Музика и скорбут“

Избрани песни од „Музика и скорбут“

Музика
Бои
Орфеј
Релативитет (омаж на Морис Корнелиус Ешер)
Боже?
Елка
Аеродинамика

Ранлива си. Елка што живее на балкон.
Твојата круна грубо те потсетува
на непријателската анонимност на зелените пространства.
И на минливата слава на глупавите новогодишни светилки,
вивнувањата угоре толку лажно ласкави, кои будат желби
и оставаат вкус на грев.
И којзнае дали врне бидејќи ти се плаче,
бидејќи климата и љубовта лесно може да се дел од истата
целина. Дел од истата загатка од облаци што вјасаат
и се виорат од една до друга бела планина, расипувајќи го
делото што го создале. Дел од избледениот пејзаж во акварел
нацртан од детето за кое мислиме дека некогаш сме биле.
И ако сега плачеш, не плачеш оти истура,
тешки капки летен дожд што сите бои ги измиваат,
туку поради сонот што го изгуби: сонуваше дека врне.
И поради тоа што, и покрај сè, благодарна си што си жива.

АвторАна Агилар-Амат
2018-08-21T17:21:28+00:00 февруари 1st, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 46|