Избраните

Избраните

Избраните
Отаде светот се простира кревка пајажина
Паганска смрт

Соништа. Жешка спремна жена.
Телото и е како рајска порта,
мирисот остар и благ,
здивот божествена вдахновение.
Само еден е бог, о Тиен!
Само еден продира подлабоко.
Радоста ми трча в пресрет ем темна ем светла.
Како некогаш одамна.
Не, таа не плаче. Ме посакува.
Нешто во нејзините очи ме погодува
Во очите ја преколкнувам.
Се приближувам. Ја погалувам.
Ја демнам. Пијам од неа.
Со врвот на прстите ја допирам
нејзината пурпурна кожа. Моја е, моја.
Ја чувствувам до дното… Кожата се одѕива.
Што сакаш уште, а?
Како да вриеш, а не зовриваш.
Барем не овој пат. Нешто ме мачи. И убавината веќе прегорува.
Полека си ја гребе кожата.
Жежи како жарта при жртвените обреди.
Од се срце. Нешто чудно, нешто многу чудно.
Скелетот почнува да добива ужасни облици.
Вистински допири. Душата е скелет.
Преплашен и збунет, се будам.
Наместо лик ме посматра живата смрт.
Ми се покажува, ме облева, ме отвора.
Цела ноќ седам буден,
а в мугрите лудувам – отсутна преплашена сенка
оплодена во соништата.
Како одрекување на крајот.
Толку чудно, толку многу чудно.
Како постоење на непостоењето.
Истиснат војнички став.
Навистина пријатен и страшен.
Удирам, не убивам, преврзувам.
Рацете пеат. Љубена моја, смрт моја!
Се запалувам жив и се спасувам сам.
Бескрајно крчкам.

АвторПримож Репар
2018-08-21T17:22:04+00:00 април 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 14|