Избор на клучот

/, Блесок бр. 64/Избор на клучот

Избор на клучот

Перспектива на животот
Избор на клучот
Зелени галерии
Мртва природа
Дијалог
Во средиштето на денот
Волшебна
Би сакала некој да ми подари песна

Велиш дека сум мека,
дека дури и моите зборови имаат лакирани нокти.
Потоа во лак ги ширам рацете да направам мост,
небаре сакам да ги прегрнам дрвјата што кипат.

Знаеш, некаде се симнатите лица. Го чекаат гласот,
повикот, поттикот, да се кренат од зад венецијанската маска –
лица што се измолкнуваат. Лица што ги чекаат летата
и што спиејќи сонуваат дека спијат добро.

Компасот му го подаруваш на пријателот
со желба патувањето да му биде полесно, а не
за да му го покажува патот.

Моите патувања се кругови на трагачот.
Затоа навечер им се враќам на приказните што ги разоткриваат
длабоките врски и невозможните оддалечености.

АвторЛуција Ступица
2018-08-21T17:21:08+00:00 март 3rd, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 64|