Избор на клучот

/, Блесок бр. 64/Избор на клучот

Избор на клучот

Перспектива на животот
Избор на клучот
Зелени галерии
Мртва природа
Дијалог
Во средиштето на денот
Волшебна
Би сакала некој да ми подари песна

Што имам, што ми останува
од зелените галерии
кои со нежниот дожд
никнуваат на пролет,
кога од цврстата прегратка
не останува баш многу од светот,
кога ми стапнуваш на прстите
за да летнеш, сè уште сам,
а ехото ми се враќа со:
далеку, далеку, сè е далеку.

Како змија сум која доползе
врз масата на попладнето, за
сончевиот зрак да ја преполови
во името на љубовта,
ноќе слушам само авиони, ѕвезди нема,
со опашката на твојата комета,
која ползи во гладната темница
меѓу моите дланки,
меѓу сето друго, што останува?

Жеравите, кои нешто градат, и
Булдожерите, кои со големата челуст
ќе загризат во старите остатоци или само во оние
што уште вчера се чинеа свежи.

АвторЛуција Ступица
2018-08-21T17:21:08+00:00 март 3rd, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 64|