Знам дека знаеш

/, Блесок бр. 75/Знам дека знаеш

Знам дека знаеш

Пауза
Тоа сме ние, браќа
Чекајќи го месарот се одрекнувам од скромноста
Само дожд, купете дожд
Го напуштив поетот
Чет Бејкер ме пронаоѓа
Чудесни луѓе
Нина Симон
Затвори ги очите за да не гледаш знамиња
Рацете на Виктор Хара

Оној ист човек е на улицата под твојот прозорец.
Светлото е слабо и не му го гледаш лицето.
Знаеш дека е таму и тој знае дека си ти тука.
Цигарите догоруваат во вашите дланки.
Телефонот молчи и чашата е наполу полна.
Телефонот е птица кобница –
го скрши пред неколку дена.
Пред тоа страдаа огледалата,
гитарата и песните на револуцијата во која веруваше.
Во ходникот на закачалката чекаат капутот и шапката.
Се прашуваш ли кои се твоите пријатели?
Дали барем една жена навистина те сакала?
Стани од фотелјата и во бањата најди ги одговорите
ти скршен човеку на пустината
со кактус наместо срце.
Врз секој жилет пишува дека животот е сон.
Сети се како ги отсонува илузиите
како здолништа кои на ветрот летаат.
Можеш да бегаш од сеќавањата
обиди се да ги заборавиш мирисите
затвори ги очите, пак гледаш знамиња.
Ниедно на је претставува слободата.
Слободата е фустан на пролетен ветар.
Саатот на ѕидот веќе го отчукал твоето.
Не се слуша ништо освен капење на вода во бањата.
На закачалката шапка и капут.
и човекот под прозорецот чека.
Обајцата знаете дека е време за последната цигара.

2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|