Знам дека знаеш

/, Блесок бр. 75/Знам дека знаеш

Знам дека знаеш

Пауза
Тоа сме ние, браќа
Чекајќи го месарот се одрекнувам од скромноста
Само дожд, купете дожд
Го напуштив поетот
Чет Бејкер ме пронаоѓа
Чудесни луѓе
Нина Симон
Затвори ги очите за да не гледаш знамиња
Рацете на Виктор Хара

нина симон те сакам
знам дека е предоцна
и не постои начин сега да ме чуеш
но тоа не е важно
го кажувам ова поради себе
го кажувам поради бога во кој апсолутно се сомневам
го кажувам ова поради годините кои ми се одземени
и не постои начин тоа некогаш да се исправи
кажувам поради оние кои не се откажаа од штрајкот
и веруваат дека нешто можат да сменат
иако знаат дека светот е една голема лага
и нема знаме под кое можат да застанат
го нема тој глас ниту алкохол
кој работите ќе ги поправи
нина те сакам
повеќе од сите кои те сакале
те сакам повеќе од сите нив заедно
и немам поим што да правам
со ова што сега го чувствувам

2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|