Знам дека знаеш

/, Блесок бр. 75/Знам дека знаеш

Знам дека знаеш

Пауза
Тоа сме ние, браќа
Чекајќи го месарот се одрекнувам од скромноста
Само дожд, купете дожд
Го напуштив поетот
Чет Бејкер ме пронаоѓа
Чудесни луѓе
Нина Симон
Затвори ги очите за да не гледаш знамиња
Рацете на Виктор Хара

чет бејкер ме пронаоѓа
иако се сокрив зад топлината
и рацете ме милуваат
во собата каде
завесите чуваат стража
па сепак
чет бејкер лесно ме пронаоѓа
неговата труба ги слави заспаните ноќи
прошетките по широките авении
малите хотели
и нивните балкони
ми вели да запомнам
сè што ноќва се случува
да се сетам
на палмите на морето на нејзините мириси
секој пат
кога ќе помислам дека е наредено повлекување

2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|