Знам дека знаеш

/, Блесок бр. 75/Знам дека знаеш

Знам дека знаеш

Пауза
Тоа сме ние, браќа
Чекајќи го месарот се одрекнувам од скромноста
Само дожд, купете дожд
Го напуштив поетот
Чет Бејкер ме пронаоѓа
Чудесни луѓе
Нина Симон
Затвори ги очите за да не гледаш знамиња
Рацете на Виктор Хара

некој друг сум додека тоа го врескам
некој друг сум
и моите мисли е потребно да се читаат
поради ѕвездите кои се беспомошни
и дожд е
сè бледнее
сè е одново испрано
никој освен тебе и мене кои на дождот стоиме
никој не постои
ништо
никаде
никој
само дождот
стојам во своите нови чевли
наречени millon dollar hotel
стојам во локва со лицето кон небото
некој друг сум и врескам
врескам
само јас и ти на дождот
замисли ме таков знам дека можеш
зашто знам
дека некому од нас ќе му дојде совршениот ден
за вечера во парк и појадок во кафетерија
палачинки можеби и капучино
или
само чаша топло млеко
замисли студеникаво утро
поради кое не си морала да се будиш
зашто не си ни спиела
замисли дека си среќна зашто имаш такво утро
некого да водиш на појадок кој чека
и замисли
дека смеам да те прегрнам кога си тажна
онака бескрајно
да ја пополнам празнината
замисли дека ти мене прва си ме забележала
и дека сега чувствуваш сè што чувствувам јас
зарем не би
стоела во локва чекала да ме здогледаш
во некој од облаците
замисли дека постои совршен ден
и вети
дека нема да ме бараш

2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|