Знам дека знаеш

/, Блесок бр. 75/Знам дека знаеш

Знам дека знаеш

Пауза
Тоа сме ние, браќа
Чекајќи го месарот се одрекнувам од скромноста
Само дожд, купете дожд
Го напуштив поетот
Чет Бејкер ме пронаоѓа
Чудесни луѓе
Нина Симон
Затвори ги очите за да не гледаш знамиња
Рацете на Виктор Хара

Додека го чекам месарот
јас не тврдам дека те сакам
туку само дека си мојата најсовршена илузија
Одам многу низ Јужниот град
и веројатно поради онаа песна
најдрага ми е Merien Strasse
Се осмелив да започнам
нова потрага по смислата
Подобро е да се каже – нова потрага
по нова смисла
Открив и дека градовите не се неосвоиви
Старата заблуда пак паѓа во вода
Градовите се сега само блескави точки
кои како жиг се втиснуваат
по мапите од мојата фантазија
Одложи ги своите обврски
и дозволи им на телефоните да ѕвонат
Ќе ти ја вратам љубезноста која ми беше
пружена претходно
Те чекам
Заборави ги плановите
и дојди во Градот На Целиот Свет
Ќе ти ги дадам клучевите од новите скривници
Само затропај на вратата од станов
и преполови го
креветот во кој спијам
Покажи ми ги своите бедра и гради
без размислување за самотијата
Самотијата престана да биде проблем
Таа е дама како тебе
и бара да ја забавувам
Да, ќе бидам ваш кловн
како и порано
ќе им се смеете на истите движења на смотаниот
Покажи дека постоиш
Затропај со слушалката од телефонот на мојата врата
Вдиши ги молитвите за кои сиот живот се подготвувам
Јас се
одрекувам од скромноста
Зашто сум твојот човек
Зашто сум најдобар на светот

2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|