Златни ангели

/, Блесок бр. 91/Златни ангели

Златни ангели

Корабите на возможната љубов…
Колку лесно непознат се сака…
Лагите се провлекуваат…
Златни ангели…
Таа е толку затворена…
Часовник со кукавица
Си знам…

Колку лесно непознат се сака!
Кој не мечтаел по нашите брегови?
Му подаруваме папагали,
злато и цвеќе.
Му го учиме јазикот.
(Да започнам со деловите на телото.)
Потоа зборуваме.
И восхитено ја прегрнуваме
новата религија.
А потем?
Старите божества
ни го беспокојат сонот.
По променливите облаци,
по припитомените животни,
по дождливите попладниња
времето почнува да се препознава.
Лотката, што го донесе,
веќе е поправена и чека.
Моја ветена земјо,
некој друг нека те населува.

АвторМарија Донева
2018-08-21T17:20:48+00:00 септември 21st, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 91|