Зеницата ми се шири за да ја
прифати сета светлина за да ја
прифати улицата со сите
луѓе со сите знаци тротоари
зницата ми се отвора и станува
голем темен отвор во кој пропаѓаат
прозорците со заробените делови
од собите во нив се заробени
и сите портети на жени сите
луѓе од истата улица мојата
зеница се отвора се шири се
зголемува до огромни величини
станува црна дупка во која
пропаѓаат сонцето и месечината
и сите други планети особено
земјата особено
земјата
Зеницата ми се шири…
АвторИвица Антески