Зборувајќи со тагата

/, Блесок бр. 45/Зборувајќи со тагата

Зборувајќи со тагата

Зборувајќи со тагата
Септември 1961
На ум
Прослава
Без наслов
Свесна

Сјаен е овој ден – млад виртуоз од ден.
Утринската сенка е исечена со најостри ножици,
со вешти раце. И секое чудесно зеленило –
папрат, мов или иглички,
или нестрпливи пупки на млади грмушки –
позелени од секогаш. И како само стебленцата
ги подаваат новите шишарки кон светлината за благослов,
весело исправени, пеејќи ја океанската песна што ветрот
им ја задава!
Ден што сјае на студот
како првонаграден оркестар кој маршира
по улиците
на некое сиво село, сосема инаков
од правилата за умерен сјај.

АвторДенис Левертов
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|