Зборувајќи со тагата

/, Блесок бр. 45/Зборувајќи со тагата

Зборувајќи со тагата

Зборувајќи со тагата
Септември 1961
На ум
Прослава
Без наслов
Свесна

На ум имам една жена
недолжна, ненакитена но

со убави црти и со мирис на
јаболка или трева. Носи

утописка престилка или кошула, косата
ѝ е светло кафена и сјајна, и

љубезна е, и многу чиста без
да се перчи –

но нема
имагинација

и има една
немирна девојка месечарка

или старица, или двете,
облечена во опал и партали, во пердуви

и искинат тафт,
која знае чудни песни

но но е љубезна.

АвторДенис Левертов
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|