Збогум

Збогум

Збогум
Америка
Јазик
Водна музика
* * *
Возраст

Избор и препев од англиски: Богомил Ѓузел

Сега знам
јас сум бил
камерата спремна
да се експонира

себеси во слика
или во цевка
низ која може
да потече вода

или во пиле
спремено за ручек
или во план
внатре во главата

на мртовец.
Ништо лошо
штом размисли човек
како сè тоа почна.

Зукофски беше рекол:
„Роден многу млад во свет
веќе толку стар… „
Векот беше затекол

кога во него влегов јас
и сега штом при крај е
знам дека нема
долго да трае.

Но зар не можеше бар да биде
нешто поубав, како што
би рекла мајка ми Зар
мораше да убие сè што ќе види,

зар доброто мора да е везден лошо?
Знам дека телото ми е нестрпливо
знам дека имам слаб глас и ум.
А сепак сакав, сакам.

Не барам сентименталности.
Барам само да сум си дома.

(Од Извонреден труп)

АвторРоберт Крили
2018-08-21T17:21:32+00:00 мај 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 42|