Задолжителна среќа

/, Блесок бр. 48/Задолжителна среќа

Задолжителна среќа

задолжителна среќа
долги месеци
таму каде ветрот удира в гради
со јазикот протнат
кога си дрво
толку незабележлива

Таму каде ветрот удира в гради
И прави да заборавиш на топлите житни допири
Оставајќи го единствениот излез на рацете –
Бесконечноста прегрната на рамениците
И
Зборовите ослободени од интонација
И
Дафнис веќе не го бара Клои
Зашто
Пенелопа одамна е омажена
И
не е важно што бираш за појадок
Го паметиш само вкусот на лебот
кој
го јадевме после маслинките без семки
(иако јас ги сакав оние со)
Голташ плунка – нешто ги затнува ушите
Страшно е само отпрвин
а потем ја има толку малку
со усните
лакомо голташ збор по збор
од усните
ништо не е неважно

АвторВолја Гапеева
2018-08-21T17:21:25+00:00 јуни 4th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 48|