Жртвен јарец

/, Поезија/Жртвен јарец

Жртвен јарец

Жртвен јарец
Славејот пак меѓу нас
Крајот како нов почеток
Потсетник
Свидетел
Во потрага по генот
Орелот на прометеј
Остров на копно

Кругот полека се затвора

Кој тоа ти ја фрли ортомата?
Времето?
Татко-вината?
таа?

Важно ти сам си стапна во неа
и таа ти ги врза нозете
Сега можеш да го препливаш пак Океанот
и да потонеш како торпедирана подморница
на крајното дно
конечно пијан

Ги основа терористичките ќелии
на сопственото тело
што сега експлодираат

Важно ти сам си го стави околу вратот
за да не ти виси над глава постојано
тој вечен ореол
Сега само прашање е на време
кога ќе ти виснат нозете
кога ќе ти се отвори трапот под нив

бунарот во времето, се разбира
и концентричните кругови што ќе се шират
врз бескрајната површина

од кои јамкава е само првиот
8.12.1989

АвторБогомил Ѓузел
2018-08-21T17:22:17+00:00 март 1st, 1998|Categories: Блесок бр. 01, Поезија|