Жељана Вуканац – Песни

/, Литература, Блесок бр. 126 - 127/Жељана Вуканац – Песни

Жељана Вуканац – Песни

Растење
Минливост
Песна за себе
Животот на змејот во црешовиот цвет
Создавање
Заминувања
Состанари
Есенско попладне


Есенско попладне

Светлината на последното сонце
ги издолжува лицата на трудот во лимените тркала
чадот пред нашето пластично горење
навестува нешто што ни се измолкнува
не ја гледаме маглата во која сме
не допираме до небото над неа
нешто ни се измолкнува не учиме
нешто ни се измолкнува се враќаме
со секој круг на себе
нешто ни се измолкнува

ќе се запалиме

ќе горат огнови конзерванс во нас
ќе мислиме на алергиските реакции на нашите пакувања
бетонот ни е подзглавје
нема да ги видиме шумите
ни да ги чуеме поместувањата на зелените џинови околу нашите куќи
хартиите патокази ќе станат ништо
кога ќе ја мотаме свилата на последните буби
околу своите пилешки вратови

превод од српски: Ѓоко Здравески

АвторЖељана Вуканац
ПреводЃоко Здравески
ПреводМилан Дамјаноски
2019-08-06T13:00:27+00:00 јули 31st, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 126 - 127|