Се качив на оној автобус –
панорамскиот,
со кој можеш да го разгледаш
Њујорк за два дена.
Се почудив,
оти во рутата
имаше станица „Нулта кота“.
Можеш ли да ја престориш
празнината во предмет на желба,
колку чини билетот
за ништото?
Пред „Нулта кота“
сите молчеа
како пред некакви
невидливи гробишта.
Само една Афроамериканка,
сè уште врескаше:
„Внимавајте!“
„Внимавајте!“,
иако веќе
беа поминале
пет години.
Се загледав
во голата земја
со надеж
дека ќе откријам некакви руини,
некаков знак,
за изминат живот,
но не успеав.
Во таа ужасна тишина
јас бев единствениот турист,
оптоварен со историја.
Езерата во Висконсин
АвторИван Христов