Езерата во Висконсин

/, Блесок бр. 93/Езерата во Висконсин

Езерата во Висконсин

Лари
Шевролет
Singer
Авиони
Нулта кота

Сето ова се случи
на брегот од едно езеро
во државата Висконсин,
кога влегов
во куќата на Лари
и во салонот,
зад стаклото на една витрина,
здогледав една стара
машина за шиење
Singer.
Веднаш спомените
ми навреа во главата.
И баба ми имаше
таква машина
и веројатно
од долгото користење
целосно почна
да личи на неа.
Ене ѝ го рамото –
лежиште за плочката на Singer,
ене ѝ ги белите коси –
ременот со изабени рабови,
ене ѝ ги рацете тенки –
водилката и носачот за конецот.
Вешта како сновалка,
со цик-цак како заби,
со грпка – повратна пружина
и бемка држач за иглата,
имав баба намотка на калем.
Потем, наеднаш си помислив –
Во право си, пријателу Лари,
разликата меѓу сегашноста
и минатото
се изразува
како релација помеѓу
живите спомени
и мртвиот експонат
.

АвторИван Христов
2018-08-21T17:20:46+00:00 јануари 3rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 93|