Езерата во Висконсин

/, Блесок бр. 93/Езерата во Висконсин

Езерата во Висконсин

Лари
Шевролет
Singer
Авиони
Нулта кота

Бел „шевролет“,
модел од 1990!
Ми ги дофрли клучевите
и рече „Пробај“.
Се изненадив многу,
оти ова не беше
старата кола на татко ми,
кој за секоја грешка
ми удираше заушки.
Четири брзини?
P – паркирање
R – рикверц
N – „неутрална“, ми рече.
„како Швајцарија“
D – напред
Само гас и сопирачка!
Кога го свртев клучот
Светлата се вклучија во ноќта.
Со таа кола ги обиколив
езерата на Висконсин.
Езерото „Мокасина“,
„Бурното езеро“,
Езерото „Зајдисонце“.
Понекогаш сопирав за да сликам
стада елени.
Другпат за да наполнам бензин.
Ја газев педалата докрај
и така ја откривав Америка.
Бел „шевролет“,
модел од 1990.
Мојата прва кола,
иако всушност
беше на Даглас,
таткото на жена ми.

АвторИван Христов
2018-08-21T17:20:46+00:00 јануари 3rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 93|