Дрво полно пребран дожд

/, Блесок бр. 90/Дрво полно пребран дожд

Дрво полно пребран дожд

Св. Фрањо
БахГолдбергГулд1981
Врапче низ болничкиот прозорец
Лавови врз фасадата на катедралата
Sul Campo Del Mare
Прошетка низ Липица ноќе

Ја видов смртта
како седна на креветот и си ги собу влечките.
Нему притисокот му падна,
пребледе кога таа легна.
Очите му беа полни со страв.
Излетав надвор. Бидејќи немав учество
во неговиот живот, право беше
да немам учество ни во неговата смрт.
По половина час се вратив
по лебните трошки
што останаа од ручекот.

АвторВероника Динтињана
2018-08-21T17:20:49+00:00 јуни 30th, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 90|