Дрво полно пребран дожд

/, Блесок бр. 90/Дрво полно пребран дожд

Дрво полно пребран дожд

Св. Фрањо
БахГолдбергГулд1981
Врапче низ болничкиот прозорец
Лавови врз фасадата на катедралата
Sul Campo Del Mare
Прошетка низ Липица ноќе

Дваесет години менува како го мериш времето,
не само темпото.
Некои желби остануваат –
да се свири на клавир, да се има клуч до надземната
убавина и мир; од далеку не се слуша
‘рмбачката работа, неброените часови
преполни несовршенство;
само љубовта нуди таква преданост:
да се прифати минливоста во потрага по спремноста
да се отвориш, со клавишите кон небото,
кога творецот сака да ја отсвири својата музика.

АвторВероника Динтињана
2018-08-21T17:20:49+00:00 јуни 30th, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 90|