Препев од словенечки: Лидија Димковска
расти в небо
дури не станеш дрво
полно пребран дожд и ровка земја
што ти може ветрот
кога се облекуваш во цветје?
неповторливоста е твој жезол
ни златото ни среброто
не си го дале телото
за маса, за постела
а кога птиците заспиваат во твојата крошна
не се помрднуваш повеќе
молкот ја заменува азбуката на знамењата