Дом

Дом
***
Човечката благодарност
Добар избор
Изгубена илузија

Ти благодарам
што искрено ме мразиш
и спомените ги фрлаш
на буниште.
Омразата ослободува,
а љубовта – заробува.
Се откажуваш од мене,
од моите зборови,
гестови и книги…
Но кога го креваш кон мене
погледот полн омраза,
слушам ѕвекот
на скршени синџири.
Сега живеам лесно и убаво-
подалеку од твоите
чудни каприци.
Одново си го чувствувам срцето
на место.
Си ги залечувам раните.
Божем сум воскреснал,
животот ми изгледа вечен
како музиката на Моцарт…
Да не беше толку присутно отсуството твое
ќе поверував
дека сум во рајот.

АвторГеорги Константинов
2018-08-21T17:21:57+00:00 април 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 20|