Дневник

Дневник

Дневник
Враќање од стража
Магла
Паскалова теорема
Забелешка (целиот мој живот)
Ров број 3
Горчина

Првин се слушна истрелот.
Потоа вториот продолжен свиреж
додека на прсти бројам до деветнаесет;
секој прст – по една година.
Потоа громогласен удар
врз ѕидовите на мојата родна куќа.

Од урнатините ќе изградам нова
но јас никогаш нема да бидам целосен:

распрснат на ситни парчиња железо,
соединет во правта со срушените ѕидови
врз кои, од мене,
останаа само – дупки.

АвторАсмир Кујовиќ
2018-08-21T17:21:39+00:00 септември 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 34|