Деновите на Конзерваториумот во Тел Авив

/, Блесок бр. 70/Деновите на Конзерваториумот во Тел Авив

Деновите на Конзерваториумот во Тел Авив

1. Ритмузика
2. Испитот
3. Пијано
4. Првиот концерт
5. Дебиси
6. Барок
7. Флејта
8. Гласина
9. Пофалница
10. Последниот рецитал

Се рашири музичка гласина:
Секоја среда, на покривот – голи девојки.
Меѓу нас имаше едно крупно момче, кое знаеше сè за Бах, а ништо за жените, кое рече: ако има гради, тоа ми е најважно.
Со голема почит го чекавме под скалите, а кога наближија звуците
на неговите чекори, зацрцоревме: гради?
Неверојатни, одговори, пазар за лубеници.
Тој свиреше тажни кантати, и освои неколку награди.

АвторУри Холандер
2018-08-21T17:21:03+00:00 февруари 14th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 70|