Градот убав

Градот убав

Пристојна дистанца
Возен ред
Градот убав
Ѓаватски етиди за кларинет и оркестар
Најважната игра
Толку?

Сликано е од преблиску,
веројатно сам го држиш апаратот.

Како и секогаш на таквите фотографии
некои делови од лицето штрчат,
а некои се оправдано отсутни:
носот е бабурест,
очите ококорени,
насмевката без врска.

„Тоа сум јас
кога немаше кој да ме слика“
или
„Го пробувам макрото
на новиот Канон“,
би биле соодветните наслови.

Исто е кога сум ти преблиску –
нешто не е симетрично,
не е како што треба.

Небричен си или си остарел,
лошо си спиел или си огрдел?
Ти ли си, не ли си?

„Ми се врати топлината кон неа“,
вели Кокоруш во еден расказ,
„оној вид восхит што можеш да го осетиш
само кон оној кој ти е далечен“.

Си се восхитуваме ли од далеку,
или сме само далечни?

2018-08-21T17:20:44+00:00 мај 15th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 95|