Гледајќи те

Гледајќи те

Гледајќи те
Замислен разговор
Дали сум ти?
Известување за погреб
Велосипед
Реалност
Еден од три

првиот што запалил керозинска лампа на улица, во бејоглу или во рим
требало да го запали овој град до темел
напишале на еден храм во стар египет
додека пиеле пиво од заеднички сад
клоцањето на бурињата
и палењето кибритче
е твојот единствен еликсир за заборав
но по откривањето на барутот се виде
дека еден град може да изгори
а ништо да не се заборави

ако е вистина дека некој човек ставил гулабица под својот темен мантил да ја стопли
дека другиот секогаш купувал од истиот ѓеврекчија
бидејќи знаел дека на човекот му студи
дека циганчето е посреќно кога наоѓа кукла во ѓубрето
дека никогаш не можам да им кажам на метачите дека навистина ги сакам паднатите лисја
дека се двоумев дали да му помогнам на бездомникот да ја влече количката
само бидејќи е на иста возраст со мене
ако е вистина
дека тајно ја вдишувам првта во книжарниците антикварници
тогаш сигурно е
дека морнарите одат на море само за да ја кажат таа една реченица со врвот на јазикот

за миг
се појавувам и исчезнувам во сопствените соништа
и се растурам низ улиците
има траги од тебе насекаде кај што сме биле
може ли улицата
да води кон неколку месеци порано?

дали ова студено време навистина вреди човек да се разболи?
не ги сакам оние што седат надвор на фериботот
само во лето
зашто се подготвуваат да се соочат со зимата
бубачките можат да летаат
само цел август –
кога ќе дојде декември ќе ти зачукам на глувата врата…

има четити годишни времиња
овде три од нив се зима…


по англискиот превод на Бил Херберт

2018-08-21T17:20:42+00:00 ноември 9th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 99|