Гледајќи те

Гледајќи те

Гледајќи те
Замислен разговор
Дали сум ти?
Известување за погреб
Велосипед
Реалност
Еден од три

Терминалот е бескорисен
ако не се сретнеме
нашите сеќавања ќе се тријат

од кедар и компирчиња додека се лизгаат
од фериботот. Секое утро
ги пеглам сеќавањата на мојата стара љубов,

прави, мазни и обременти
со детски прашања
што ги сонував па ги заборавив.

Ги држам нејзините слики при рака, туѓи
на синиот чаршаф како пирати
на тивко сино езеро,

како крстозбор пикнат
во аголот на мојот живот
би сакала ли да одговори

на мојот повик за трета ноќ со Настенка?
Сите фасади на улицата Бахариве се толку умни
знаат дека таа сѐ уште се крие во кафени џемпери

но се прашувам зошто не излегува
кога нема облаци
во нејзините џебови.

Кога го испивме последниот чај
Истанбул престана да се повторува
и си ги собрав отпремнините.

Реалноста можат да ја омекнат
маргарити, исечени, чекајќи
во некоја вазна што никогаш не ја купив

и токму сега
првиот дожд
на есента започнува.


По англискиот превод на Рајан ван Винкл

2018-08-21T17:20:42+00:00 ноември 9th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 99|