Гледајќи те

Гледајќи те

Гледајќи те
Замислен разговор
Дали сум ти?
Известување за погреб
Велосипед
Реалност
Еден од три

Погребот беше на
ЈАШАР ЈИЛДИРИМ
во ….. …….. на ……., ………
Церемонијата ја водеше
…… ……. ………..

внимателно заштитената кула од карти
уметноста на невклученоста
на непосветеноста
на ништо
горчината што се негувала
со лед и парафин
за стоење настрана
за неверување на снежната топка
оставена на сонце
за невџашеноста
додека
самоздоволството не го смени
погледот на заробената фабрика

кожата што се соблече тој ден
смртта оддеднаш погледната в очи
на сјајниот и опасен асфалтен пат на востанието
еден човек
кој направи еден чекор наназад

ние кои го сакавме
и
кои ќе го заборавиме


по англискиот превод на Ричар Гајн

2018-08-21T17:20:42+00:00 ноември 9th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 99|