Враќање на поразениот

/, Блесок бр. 23/Враќање на поразениот

Враќање на поразениот

Човекон од огледалото
Розите на прстите на Аксја
Татко ми Одисеј
Враќање на поразениот
Средба со змија
Испраќање на јагулите
Близу до смртта близу до животот

Еден град со кој заспивавме
и се будевме заедно
како да си заминува
Глуви се неговите места на среќата
натрупани со работи што не ги паметиме
Дали ги изминавме патиштата на сопствениот избор
Или бевме невнимателни кога помисливме
оти некој го поттурнал сонцето кон залезот
Подобро ќе беше да поверувавме
дека сме скршнале во неговата сенка

Еден град извира од урнатините на ноќта
Светлините од неговите прозорци
патуваат на југ
Луѓето се качуваат молчејќи
Луѓето слегуваат молчејќи
Близу до смртта близу до животот

АвторСрбо Ивановски
2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 23|