Враќање на поразениот

/, Блесок бр. 23/Враќање на поразениот

Враќање на поразениот

Човекон од огледалото
Розите на прстите на Аксја
Татко ми Одисеј
Враќање на поразениот
Средба со змија
Испраќање на јагулите
Близу до смртта близу до животот

Дали се прашувавте
дали скоро ќе се врати
и дали ќе ја доведе со себе
својата сенка
и дали песот ќе го врзи
за нечија насмевка
или за трнот
на кој цути непозната реч?

Дали поверувавте
дека зимата треба да ги охрабри
оние што ги одмина летото
оние чија тиха ѕвезда
упорно ја следи својата патека?

Дали го прашавте
што памети а што заборавил?
Дали оставивте да поверува
дека е добредојден
нудејќи му место
до себе на трпезата?

Дали изнесовте од визбата
од она вино
што само на победниците им го нудите?

АвторСрбо Ивановски
2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 23|