Волшебното јајце на Родан ал Галиди

/, Блесок бр. 92/Волшебното јајце на Родан ал Галиди

Волшебното јајце на Родан ал Галиди

Сакам да легнам до тебе
По една година
Утре
Прекрасен сон
Пристаниште
Песнава ме спаси
Те молам
Осумстотини и шеесет
Земјоделец
Волшебното јајце на Родан ал Галиди
Обид за заминување
Сè уште сум жив

Го окупираа ѕидот,
го заробија таванот,
го убија покривот
и се качија низ прозорецот.
Го присилија балконот
да се самоубие,
му го исфрлија цвеќето
на тротоарот.
Ја закопаа визбата,
ѝ наредија на шупата да го остави ѓубрето
и да ја снема
а јас
сè уште
сум жив.
Готвам за пријателите,
купувам картички за зборовите
и најважно:
сè уште спијам,
барем шест саати на ден,
а понекогаш
не ми требаат дури ни
апчиња.

АвторРодан Ал Галиди
2018-08-21T17:20:47+00:00 ноември 3rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 92|