Вовед во нихилизам

/, Блесок бр. 83/Вовед во нихилизам

Вовед во нихилизам

16 ноември
26 октомври
Вовед во нихилизам
*** (пушти ја плочата)
Столови

пушти ја плочата. дождот нема да трае
подолго од празнењето на облаците да
ти ги признаев нештата што ги фрлив в море
(оружјето за убиство зборовите во шише)

нема да ѝ дадам име на оваа песна би било
како да ги преведувам деновите а јас: јас сум како
вода (ги презема облиците на нештата што ги поплавува)

пак ќе кажам (за оние кои сега
ја пуштија песнава): во кошницата за овошје на мама
се менуваат годишните времиња а плочата

беше толку стара што на
некои местатолку стара што на
некои местатолку стара толку стара што на некои
местатолку стара толку стара шт

АвторЖоао Луис Барето Гуимареш
2018-08-21T17:20:55+00:00 мај 19th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 83|