Вовед во нихилизам

/, Блесок бр. 83/Вовед во нихилизам

Вовед во нихилизам

16 ноември
26 октомври
Вовед во нихилизам
*** (пушти ја плочата)
Столови

Синоќа му пратив СМС на татко ми
но тој не ми одговори. Се знаеше.
Утре ќе биде еден месец
откако му го закопавме телото
никој од нас не го стави неговиот Сони Ериксон
во правоаголникот на ковчегот.
Прастар беше (но многу чуван)
оставен вклучен некое време и без разговор
започна да јавува: батеријата се троши.
Се сомневам дека приемот бил добар
таму долу.
Така беше и кога ќе слезеше во подрумот.
Сега, ако сакам да се слушнам со татко ми
морам да му се јавам на Господ. И не зборувам со Него.
Не сакам да не кажам (гледајќи го
право в очи:)
„ниедна умирачка не е фер“
„беше прерано“ „слушај,
ќе ме поврзеш со татко ми?“.
Се обидов да му се јавам на Господ,
ама линијата секогаш е зафатена.

АвторЖоао Луис Барето Гуимареш
2018-08-21T17:20:55+00:00 мај 19th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 83|