Велосипедска музика

/, Блесок бр. 47/Велосипедска музика

Велосипедска музика

Велосипедска музика
Композиција за расположение
Куса историја
Рано навечер, како сега
На полпат
Филозофија на љубовта
Орфејска варијација
Досието Х

Не е важно што ќе кажам и ќе сторам,
Не ме сакаш, и крај. Тоа ти е, нема спас.
Не е важно што со тебе бев така добра,
губејќи се себеси дури внимавав на нас.
Со подароци, нежности не ја докажуваш
вистината што не ја кажуваш. Сè е само
сказна слепа кон логиката, што се обидуваш
да ја вклопиш, ко јас порано врз твоето рамо,
или твојот палец што дланка ми стегаше,
уредно ко досие, држејќи се за тој факт:
дека си мој. Не си ноќва, кога требаше.
Наместо тоа, патувам низ толку густ мрак
што би си рекол дека тој ми влегол в око:
а не напорот на овие кажувања збогум.

АвторФиона Сампсон
2018-08-21T17:21:26+00:00 април 16th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 47|