Велосипедска музика

/, Блесок бр. 47/Велосипедска музика

Велосипедска музика

Велосипедска музика
Композиција за расположение
Куса историја
Рано навечер, како сега
На полпат
Филозофија на љубовта
Орфејска варијација
Досието Х

Тресок на крилја. Скршената птица
не гледа ништо. Од прозорски стакла се одбиваат рамења,
крилја, опаш, збиени на куп до избликот сила од срцето;
четка од црни перје во кои крвта шика и струже и шика
наспроти болка.

Потоа ја креваш птицата и нејзиното око е залепено
небаре помирено со твојата слабост. Небаре и одолева
на таа штама што се отвора како стакло за да покаже
жолта свила збрчкана кај клепката, крик од крв на клунот.
Повлечи го тик-так пердето од крило и пушти ја.

АвторФиона Сампсон
2018-08-21T17:21:26+00:00 април 16th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 47|