Бунар

Бунар

Хоризонт
Камен
Летен дожд
Пепел
Бунар
Марта

Го ставам огледалото пред друго огледало,
тие го свртуваат грбот кон себе.

Ќе исчезне светлоста
меѓу огледалата.

Твојата уста вкрстена со мојата уста.
Твојот збор запрен од мојот збор.
Така со грбот кон себе претврднуваат.
Плач.

Да се претврдне
плачот

да се премечтае
луната,

да се преврти
кругот,

да се пресече
бунарот,

да се прекрили, да се преквака
лилјакот.

Не мораше да ми текне тоа.

Додека избројам до три,
насмевни ми се,

во позадината зад обете огледала,
кои го свртеле грбот кон себе,

нежна, во себе стутулена,
над крпеницата од рамената и клучната коска –
прозрачен компиров ’ркулец.

АвторЈан Ондруш
2018-08-21T17:21:00+00:00 септември 8th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 74|