Бунар

Бунар

Хоризонт
Камен
Летен дожд
Пепел
Бунар
Марта

Бунарот е тежок, бунарот нема да го откорнеш,
пуштил корени, како даб е.

Вода зелена и стоечка,
вода разбирлива, сама од себе.

Го спуштија скелето, ногата ја преместија,
им беше тесно,
одоздола викаа,

погледнаа нагоре, видоа ѕвезди.

Три пати забуричкаа,
најдоа синџир,
најдоа сино канче,
најдоа игла.

Го извадија пливачкото јаболко.

Извлекоа топка, од водата натопена
и прскачка како портокал.

Извлекоа часовник, запрен од калта
ни од шапката на магионичарот.

Мирно го празнеа, бунарот
не се мрднуваше, силен и долговечен.

Извлекоа потоа
жаба на изворот
шлем,
со вилите го дупнаа, го исфрлија,
го изнесоа напред како трофеј.

Водата одеше зад нив, се подигнуваше
и беше разбирлива, сама од себе.

АвторЈан Ондруш
2018-08-21T17:21:00+00:00 септември 8th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 74|