Превод од словачки: Звонко Танески
1.
Црн свет, светла
трага во водата
а во трагата срча од стакло
2.
Се наведнуваш
и избиваш под видикот, округол
како кружењето на раката врз воланот
3.
Се исправуваш, со ногавицата ја дофаќаш
сенката, што ќе те запре, ќе го повтори
движењето зад друго движење
и ќе го држи чекорот.
4.
Кој од нас е црн,
кој бел,
кој слаб,
кој силен,
кој избил под видикот, округол
како кружењето на раката врз воланот.