Бришан простор

/, Блесок бр. 76/Бришан простор

Бришан простор

Автобиографија
Секое утро
Шумски јаготки
Изгубена слобода
Желна за дом
Меѓу две зла
Заборав: поетика на помнењето
Разбирање и вера

Шетаат
духови во куќата
јазикот е претворен во крцкање
шушкање, лелекање, логореја
недостига визија, провидение, битие
животот е патување кон неискажливото

дури и бездната има форма
и хаосот има

само твојот Дом нема
затоа што Овде –
да се нема
значи да се изгуби
тоа што се имало
значи, некогаш си имала
а
сега е време за мечта
мечта со волшебна моќ
а не – обична надеж.

Да кажам ли експлицитно:

нам не ни е доволна надежта –
таа е блага и некако споровозна
нам ни треба силна доза
прекумерна надеж ни треба,
да нè доведе
до самиот крај
за потоа да можеме
со тревога и со терапија
да се вратиме одново
во живот.

За секој случај.

2018-08-21T17:20:59+00:00 март 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 76|