Бришан простор

/, Блесок бр. 76/Бришан простор

Бришан простор

Автобиографија
Секое утро
Шумски јаготки
Изгубена слобода
Желна за дом
Меѓу две зла
Заборав: поетика на помнењето
Разбирање и вера

Денот и ноќта
кога се размеѓуваат, во бунило
телата си ги возвраќаат:

доказ е спермата плисната
на пол-небо, на пол-земја
(разбудете се, возбудете се
утре кон 4 часот
излезете надвор на отворено
и погледнете!)

Денот осамнува сам
како секој искусен љубовџија
– божем ништо а сè се случило
едновремено
во самоти нив одекнува полниот спарен говор
на неговиот
и на нејзината домаќинка
гостољубието.

Планините на сабајле треба да се лижат
штедро, скокотливо, однатре
по преслапите, по пресеците, по вршниците

дал-господ јазици
и за на небо и за по земја
и под, и над, и пред и по
треба да се диши длабоко, однапред
да се ублажи налетот на дневниот молк
сè до следната средба со ноќната граматика.

Денот и ноќта ги прават оние работи
деноноќно, како што налага редот
на куќата – Времето.

2018-08-21T17:20:59+00:00 март 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 76|