Балкан

Балкан

Балкан
Читање
Завера
Меѓу два света
Буништа на убавите уметности
Пак(с…о себе ј.ј.и.о.у.
Опстанок
Песна ди морте во три измешани делови
… Анте портас

Од лудило на војна замаени
фатени во налуничава шема на Смртта
во совршена стратегија на поразот
по сури планини преслапи
и смрзнати крвотоци
справите бојни ги тегнат

По амбиси в небо на аџилак тргнале
в поход кон Најмоќниот
што во разврат во инцест пливнал
а цврст е ко биста од мрамор

Така и ние тргнуваме во опсада на зборот
и кога сме сигурни дека е наш †
ко Рим од рацете ни првнува…

Колку ли тогаш враќањето може да боли †
мали жртви на обидот а не на триумфот.

АвторЗоран Анчевски
2018-08-21T17:22:10+00:00 април 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 08|