Балкан

Балкан

Балкан
Читање
Завера
Меѓу два света
Буништа на убавите уметности
Пак(с…о себе ј.ј.и.о.у.
Опстанок
Песна ди морте во три измешани делови
… Анте портас

По долгата и тешка војна
секогаш се наоѓа некоја божица
што ќе ти понуди добар ветер
за да запловиш кон познати брегови
за да се вратиш дома
(без да знаеш дека за доаѓањето ги предупредиле)
да клекнеш на брегот со спремен целув
како што тоа од памтивек си било
па со триумф и замор да тргнеш
кон чардаците и дворовите свои
крај старите глетки непроменети
(зошто ти си тој што ги менува)
во бестежинска состојба да го минеш прагот
и спремно да влезеш во кадата
полна со миризливи балзами и билки
за потоа (и покрај заморот)
да легнеш со жената што ја сакаш
без да знаеш за неверството
за интригата
заверата
и никогаш повеќе да не се разбудиш
наутро да те најдат со скастрена глава
отворена уста и вкочанет поглед
испразнет од сите пожари на војната
од сите слики што знаење ти беа
и живот

Каков крај за уморните херои
но нека се знае и ова:
во осветата што доаѓа од крвта нивна
тие се бескрајно решителни

АвторЗоран Анчевски
2018-08-21T17:22:10+00:00 април 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 08|