Асфалтни змејови

/, Блесок бр. 76/Асфалтни змејови

Асфалтни змејови

Бакнеж
Страст
Срча
Пиратска љубовна песна
Сонет за воздушниот нарцис
Сончев сонет
Летен сонет
Асфалт. Носталгична песна
Блуз за животот што речиси беше мој

Превод од англиски: Игор Исаковски
од „Асфалтни змејови“, Блесок, 2011

Високите потпетици ги измислила девојка
која секогаш ја бакнувале в чело.
Оттогаш челото сјае како паста за чевли
а четката на веѓите не го спречува сјајот
на очниот електрицитет по бомбардирањето
на рудниците зад усните.
Се сеќавам на првиот бакнеж, под лимоновото дрво кое беше чисто
од лисја. Некој ни кажа дека ако ги триеме забите
со лист, мирисот на цигари ќе се избрише.
Тогаш маглата имаше тенки прсти. Градскиот врат
беше широк, одбиваше давење а девојката која ја посакував
не знаеше дека лимоновиот мирис меѓу забите и јазикот
се беше раширил во мечтата на салатата од нејзиното лице.

2018-08-21T17:20:59+00:00 март 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 76|