според Фрида Кало
На расклатена клупа крај реката очекуваш
рибја чорба – тајна – оној што гледа
би можел да е нешто друго од она што се гледа,
тој животен круг, тоа маскирано исчезнување, таа обврска.
Потоа ти тоа и го виде: гулаби (крилести риби?)
нудеа позлатени појаси (блескаа како златни рипки!)
животна желба врежана со хиероглифи:
откровеничка и неразбирлива!
Иронијата – Тицијанова лејди – ти ја наведнува
вратоврската кон телото, кон земјата.