Поезија – Срѓан Секулиќ

/, Литература, Блесок бр. 119/Поезија – Срѓан Секулиќ

Поезија – Срѓан Секулиќ

АРГАДИНИ
НОЕ ВО САЛОНТА
ЗЕМЈА
МИНИМАЛИЗАМ
РИМА


МИНИМАЛИЗАМ

Понекој збор,
да го опише мигот.
Уште некој,
да го преобрати времето.

Удар од урнатина,
челичен пукот.
Магла низ рамнината,
сети го звукот.

Заплеткани мисли
како слушалки.
Однекаде идат
пцизалутани.

Седам во станот,
потпукнува жар.
Чад од цигари,
пепелник стар.

И слика на ѕидот
црно-бела.
На неа дедо и баба
со загадочни чела.

АвторСрѓан Секулиќ
ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-25T09:26:21+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 119|